Шокантна вест ни доаѓа од Дагестан, каде е застрелан повеќекратниот шампион во џиу-џицу, Видади Марданов.
Според очевидци, доцна во ноќта пред домот на борецот Марданов, се случила кратка расправија, по која втората личност во овој инцидент, го повлекол чкрапалото.
Станува збор за Тимур Асад, кој бил во друштво на Абдумуслим Мартазиев, па по страшнио чин, веднаш побегнале од местото на случувањата.
Накратко потоа излегла и полиција на теренот да утврди како дошло до кобната ситуација, а Марданов веќе бил половина час мртов.
Се уште не е познато зошто дошло до оваа расправија и ваква разрешница, а според некои озборувања на Твитер, во прашање е нешто поголем долг кој го имал Марданов.