Се продлабочува кризата на Вардар – поразен и од Пиг Сегед на домашен терен

Актуелниот македонски првак Вардар ја продлабочи кризата откако го запиша и петтиот пораз по ред во Лигата на шампионите.

Вечерва „црвено-црните“ беа поразени од унгарски Пиг Сегед со резултат од 27-30 (9-16).

Гостите клучната предност за победа ја направија во првиот дел кој го добија со +7 (9-16) и сосема заслужено победија сооглед на тоа што безмалку во цел меч беа во резултатска позитива.

Кај Вардар најефикасни со по пет гола беа Дибиров и Гаџа, додека кај Унгарците прво име беше Марио Соштариќ со седум погодоци.