Се појави информација дека Раиконен се повлекува – Финецот веднаш реагираше на тоа

Последните денови многу се шпекулира дека Кими Раиконен наскоро би можел да ја заврши професионалната кариера во Ф1.

Првата информација која проструи во медиумите, ја пласира британскиот весник Аутоспорт, а потоа пренесоа и некои други медиуми низ светот.

Сепак, Раиконен го тврди спротивното, истакна дека се уште ништо не решил и дека треба да донесе одлука.

Немам ништо решено за одење во пензија, ќе видиме. На крајот, тоа е само моја одлука и ќе видам што ќе се случува во следниот период. Ништо немам потпишено како што имаше низ медиумите за прекин на договорот, се уште возам, ќе видиме што ќе се случува“, потенцира Раиконен.

Финецот вози за Алфа Таури, а низ кариерата во Ф1, возеше уште и за Заубер, Мекларен, Ферари и Лотус.