Се појави брутална снимка од убиството на навивачот од Партизан

Пред два дена дојде веста за смртта за некогашниот лидер на навивачката група „Алкатраз“ во склоп на навивачката група Гробари.

Брутално беше убиен со неколку куршуми во телото Љубомир Кича Марковиќ, кој им подлегна на повредите на самото место каде беше застрелан повеќекратно.

Денеска се појави и видео од надзорните камери, каде всушност се гледа како се случила пресметката, Кича забележал дека некој зад него има пиштол и почнал да бега, но не успеал да им побегне.