Се поизвесно одложувањето на Олимпијадата: Ни Британците не одат во Токио!

Велика Британија им се приклучи на Австралија и Канада кои први го откажаа своето учество на претстојните Олимписки игри што летово треба да се одржат во Токио.

„Не гледам начин на кој овој настан може да се одржи според планираното“, изјави претседателот на Олимпискиот комитет на Велика Британија, Хју Робертсон.

Засега нема најави дека целата манифестација може да се одложи, а до стартот остануваат уште точно четири месеци бидејќи отворањето е планирано за 24 јули. МОК си даде рок од четири недели да одлучи што ќе преземе во врска со пандемијата од корона вирусот.