Се подготвува спектакл: Мекгрегор се враќа во октагонот!

Конор Мекгрегор објави кога планира да се врати во УФЦ шампионатот по долгата пауза што ја направи откако загуби од Хабиб Нурмагомедов пред релиси една година.

Следниот меч на Ирецот ќе се одржи на 18 јануари во Лас Вегас, а противникот се знае, но засега не се објавува поради наредбата на УФЦ.

„Прашајте ја УФЦ кој ќе биде зашто мене воопшто не ми е гајле за тоа. Ова ќе биде само загревање за тоа што следува“, објави Мекгрегор.

Тој нема победа во УФЦ од 2016 година кога го совлада Еди Алварес во лесна категорија. Подоцна се обиде како боксер, но тоа беше безуспешно.