Се подготвува револуција во НБА – Прва жена тренер во историјата

Заминувањето на Дејвид Физдејл од клупата на Њујорк Никс дополнително ја влоши ситуацијата во франшизата која со денении е загубен случај. Не се памети кога клубот од Њујорк последен пат направил некој смислен потег на било кое поле, поради што одамна е средина која се заобиколува од секого.

Меѓутоа, ако одредени коцкички се поклопат Њујорк би можел да стане местото каде би се испишала историјата во НБА лигата, но и кошарката воопшто. Според наводите на американскиот портал CNBC, Никси ќе имаат прилика да станат првиот клуб во историјата кој за главен тренер ќе постави жена! И тоа не било кој туку Беки Хемон! Секој кој малку повеќе и подетално ја следи НБА лигата знае дека Беки Хемон е долгогодишна помошничка и соработничка на Грег Попович во Сан Антонио и како таква ги помести границите на вклучителност на лицата од понежниот пол во работата на НБА организациите.

Не само што е најблиска соработничка на Попович, туку во летото 2015. година стана првиот женски тренер кој водел еден клуб во Летната лига! Кога ја почнуваше тренерската кариера во 2014. година стана само вториот женски асистент во НБА лигата и прва со постојан ангажман во една франшиза.

Според наводите на споменатиот извор, Хемон се надева дека од Никси би добила повеќегодишен договор и можност од корен да го промени системот на работа во клубот.

Додека Хемон сака да дојде на клупата на Никси, врвот на клубот состави листа на желби на која сепак не се наоѓа помошничката на Попович, туку поранешниот тренер на Вориорси и играч на Никси Марк Џексон, како и легендарниот играч на Њу Џерси и исто така некогашен плеј на Никси Џејсон Кид.

Џексон веќе некое време е без ангажман и во моментов работи како телевизиски коментатор за ЕСПН, додека Кид во моментов е на одмор по ангажманите во Милвоки и Бруклин.

На Никси секако им е потребен сериозен рестарт на системот…