Се оствари „платформата за ракометна Битола!“ – РК Еурофарм Пелистер!

Општина Битола го потврди претходно најавеното, „платформата за ракометна Битола“, односно фузирање на Еурофарм Работник со РК Пелистер во еден клуб.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Несомнено дека новиот проект Еурофарм Пелистер, ќе има драстично поголеми амбиции од следната сезона, од која публиката се надева дека ќе се изроди силна екипа, достојна за големи дострели во ракометна Европа.

Еурофарм Работник денеска од 17 30 часот го игра својот меч во ЛШ против Бидасоа, но ќе биде под старото лого и име, бидејки фузијата е се уште во процес и наскоро тоа ќе биде реалност.