Се оствари најавата: Големиот шампион нема да настапи на Австралија Опен

Најавите се остварија, Роџер Федерер го откажа своето учество на Австралија Опен.

Федерер проценил дека нема да може комплетно да се опорави од операцијата на коленото пред турнирот, па решил да откаже.

Ова се разбира ќе значи дека швајцарскиот тенисер ќе ги пропушти и АТП купот, кој се одржува недела дена подоцна пред почеток на Австралија Опен.

„Роџер одлучи дека нема да игра на АО. Доста напредуваше претходните месеци што се однесува до физичката подготвеност. Но сепак, по консултациите со својот тим, одлучи дека за него долгорочно подобро решение е да се врати по Австралија Опен“, соопшти агентот на Федерер.