Се огласија од анти-допинг агенцијата за случајот Надал: Околу неговите инјекции..

Генералниот директор на Светската антидопинг агенција (WADA), Оливие Нигли, смета дека нема ништо спорно во инјекциите кои ги прима Надал на секој турнир за стапалото.

Надал истакна дека во еден период од турнирот во Париз, примал инјекции на секој шест часови, со цел да го умртви стапалото да не му создава преголеми болки.

Таквите инјекции не се на листата забранети супстанци во WADA, затоа што се сметаат како нешто што не го подобрува спортскиот учинок и дека не се штетни“, порача Нигли за европските медиуми и додаде:

Надал 14 пати славеше во Ролан Гарос, тоа доволно зборува за неговата доминација. Претходните 13 тоа го направи без употребна на инјекции, така да веројатно и овој 14-ти пат не го освои благодарение на нив“, се надоврза Нигли.

Надал има 22 гренд слем титули, две повеќе од Ѓоковиќ и Федерер, а останува да се види дали шпанскиот тенисер ќе настапи на претстојниот Вимблдон кој почнува од 27 јуни.