Се огласи Ѓоковиќ во врска со УС Опен: Држете ми палци!

Уште помалку од еден месец има до почетокот на УС Опен, а се уште официјално на Новак Ѓоковиќ му е забранет влезот во САД.

Нема да учествува ни на Мастерсите во Монтреал и Синсинати, но тој напорно тренира и се подготвува како да ќе игра. Во меѓувреме добива поддршка од своите фанови и од видни американски граѓани, па поради сето тоа се огласи на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

„Голема чест ми е што толку многу луѓе ја поддржуваат мојата кариера и сакаат повторно да ме видат на терените. Јас продолжувам да се подготвувам и тренирам како да ќе играм додека го чекам одговорот дали постои ли можност да патувам во Америка. Ви благодарам и држете ми палци“, напиша Ѓоковиќ.

Србинот има три титули на УС Опен, но последниот освоен во 2018 година. Гренд слемот во Њујорк оваа година се одржува од 29 август до 11 септември.