Се обиде на финишот да ја слави победата, на крајот ја носеше сопругата во болница!

Победата на велосипедистот Луис Карлос Чиа, од славеничка атмосфера, премина во хаотична ситуација, кога во самиот финиш, успеа да ја ничкоса сопругата.

Чиа се приближуваше до целта на етапата Вуелта а Колумбија, односно се подготвуваше да ја прослави титулата, а во моментот кога ги подигна рацете во воздух, неговиот велосипед силно иташе кон целта, каде освен репортери, присутна беше и неговата сопруга Клаудија Ронканцио.

И тогаш се случи неочекуваното, Чиа не можеше да го запре велосипедот во секунда, ја загуби контролата, на што кумуваше и дождливата патека, па на крајот со велосипедот заврши во својата сопруга.

Клаудија остана да лежи на подот со отворени очи и во очигледен шок, а веднаш потоа интервенираа и лекарите кои се обидоа да и помогнат. На крајот таа заврши во болница со неколку закрпи на главата.