Се најде решение за Ковид19 во Ф1: Ако има заразен возач, трката продолжува!

Генералниот директор на Ф1, Чејс Кери, истакна дека доколку еден возач биде позитивен на Ковид19, трката нема да биде откажана и тоа е завршена работа.

Тој им се обрати на медиумите вчера, кога и беше соопштено со каков распоред ќе биде сезоната во Формула 1, која поради Ковид19 ќе има различен тек од претходните сезони.

Имаме процедура кога ќе ни овозможи еден позитивен тест на коронавирус да не придонесе до откажување на трката. Доколку возачот биде заразен, тимовите имаат резервни пилоти во своите гаражи. Доколку тимот не може да се натпреварува, тоа нема да биде причина за откажување на трката“, рече Кери.

Да потсетиме, Формула 1 требаше сезонава да почне во март во Австралија, но поради пандемијата во цел свет, тоа беше запрено, а уште поголем хаос направи тоа што еден член на Мекларен беше заразен, па под знак прашање беше цела сезона, дали воопшто ќе се вози.