Се комплетираа, па излегоа на „проветрување!“

Ракометниот клуб Вардар од сезонава ќе настапува со името Вардар 1961, а ќе има и доста променет состав од она каков што го памтиме овие неколку сезони.

Откако деновиве ги стартуваа подготовките за новата сезона и предизвици кои ги очекуваат, првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски, освен што им посака успешен старт на подготовките, ги собра сите ракометари на клубот на заедничка вечера.

Вардар несомнено ќе има нов изглед, а фановите со нетрпение ќе очекуваат да почне новата сезона да видат како ќе делува новиот состав во ракометна Европа.

Првиот натпревар Вардар во ЛШ ќе го има на 16 септември, кога ќе гостува во Белорусија кај Мешков Брест.