Се јави Ванда Икарди: Не можам повеќе, се разведувам!

Контроверзната „домаќинка“ на Мауро Икарди, Ванда повеќе не може да издржи во бракот со фудбалерот и се подготвува за развод, барем така се чини по снимката која се појави на социјалните мрежи.

Веќе една година, нивниот брак е на „стаклени нозе“ откако Ванда го фати Мауро Икардо во прељуба, но се чини дека сега навистина е крај. Таа ѝ испратила порака на Кармен, извесна жена која ја оставила на својот имот во Италија и на неа се убаво се слуша.

“Кармен, дојдов во Аргентина да го завршам разводот со Мауро. Ќе останам неколку дена и потоа ќе се вратам да ти донесам билет и се што треба. Се организирам за развод бидејќи не можам повеќе да издржам“, се слуша Ванда која ѝ се обраќа на жената.

Се се случило синоќа, а Ванда од Инстаграм веќе го избришала презимето Икарди и го ставила старото – Нара.