Се јави Тод: Го видов Михаел, можам да ви кажам само едно нешто!

Поранешниот шеф на Ферари, а сегашен прв човек на ФИА, Жан Тод, изјави дека минатата недела го посетил повторно Михаел Шумахер, кој и понатаму се наоѓа на нега во домашни услови, далеку од очите на јавноста.

Славниот германски возач има седум шампионски титули и е репер за се и сешто во овој спорт, а оваа година веројатно неговиот рекорд ќе падне, односно ќе биде изедначен, бидејки Хамилтон ита кон такво сценарио.

Но како и да е, Тод тврди дека го видел повторно Михаел Шумахер и даде одговори на јавноста:

Го видов Михаел минатата недела, тој и понатаму се бори. Знаеме само дека имаше страшна скијачка несреќа која му направи многу проблеми. Но тој има неверојатна сопруга покрај него, има деца, свои медицински сестри и можеме само да му посакаме се најдобро“.

„Се што можам да направам за Михаел во овој момент е да бидам покрај него, се до моментот кога би можел да сторам нешто поконкретно за него, а потоа иќе го направам“, истакна Тод.

Тој се надоврза и на она со Луис Хамилтон:

Луис ќе ги надмине сите рекорди на Михаел, едноставно е, затоа што е многу талентиран возач. Мотивиран е и вози за најдобриот тим. Има најдобар болид, мотор и екипа зад себе“, се надоврза Тод.