Се е во парите: Влаховиќ игра во животна форма, Фиорентина сака да го уништи

На раководството на Фиорентина воопшто не му е важно тоа што Душан Влаховиќ игра фантастично последните месеци.

Дури и кога носи победи, во него се гледа како некој на кого треба да се заработи, па во клубот се подготвени да му ја уништат кариерата, само за да ја истераат својата агенда. Познато е дека Србинот не сака да го продолжи договорот и поради тоа газдата на Фиорентина, американско-италијанскиот милијардер Роко Комисо најави дека нема да заигра додека не го направи тоа. Целта е клубот од Фиренца да извади повеќе пари од отштетата од него.

Влаховиќ постигна 25 гола на 44 настапи во Серија А за Фиорентина и смета дека е подготвен за нов предизвик во кариерата.