Се чека само потврда: Руни почнува тренерска кариера

По се изгледа, Дерби ќе биде клубот кој ќе и даде шанса за тренерско дерби на уште една англиска фудбалска ѕвезда.

По Френк Лампард, тоа ќе биде Вејн Руни кого само часови го делат од менаџерската позиција, на местото на Филип Коку. Холанѓанецот може уште денеска да добие отказ, медиумите на Островот тврдат дека се преговара за висината на отштетата, а потоа на сцена стапува најдобриот стрелец во историјата на англиската репрезентација и на Манчестер Јунајтед.

Руни дојде во Дерби во летото 2019 година и уште тогаш се зборуваше дека е можно во иднина да биде менаџер на овој клуб. Му се погоди и тоа што Коку победи на само 21 од вкупно 60 натпревари на Дерби, па управата нема друг избор, освен да ја раскине соработката со него.