Се бројат деновите на Солскјер, веќе се познати кандидатите за негов наследник

Поразот од Лестер и ненвентивноста во играта на Манчестер Јунајтед придонесоа дополнително да порасне притисокот врз Оле Гунар Солскјер.

Од лидер пред три недели, тимот падна на петтата позиција со пет бода заостанување зад првопласираниот Челси. Солскјер ја завршува третата година како менаџер на Јунајтед, а уште го чека првиот трофеј и играта на тимот не личи на ништо. Особено тоа важи кога Кристијано Роналдо нема свој ден, а такви денови ќе има се повеќе годинава.

Поради сето ова, англиските медиуми веќе почнаа да лицитираат со името на неговиот можен наследник. Во конкуренција се десетина познати имиња, од Стивен Џерард и Рој Кин до Лоран Блан и Маурисио Покетино. Сепак, како прв фаворит за менаџерската позиција во Јунајтед се спомнува Антонио Конте кој е без работа откако во јуни поднесе оставка на тренерската позиција во Интер.

Италијанскиот стручњак има искуство во англискиот фудбал од деновите кога го водеше Челси со кого освои титула во Премиер лигата.