Италијанскиот клуб Милан го слави 125-от роденден и во оваа прилика ги покани поранешните најистакнати фудбалери. Меѓу другото, Милан го повикал и Црногорецот, Дејан Савиќевиќ, кој изјавил дека е спречен да дојде поради обврските во Фудбалскиот сојуз (ФС) на Црна Гора.
Еден од играчите кои испишувал светли страници во клупската историја во 90-те години од минатиот век, не ни добил покана за прославата? Станува збор за хрватскиот фудбалер, Звонимир Бобан, кој не е добредојден на „Сан Сиро“.
Тој тоа го потврди за италијанскиот „Скај спорт“ коментирајќи ги натпреварите од Лигата на шампиони (ЛШ) претходната вечер:
„Милан е историја, величенствен и фантастичен клуб. Штом ќе разберете колку е елегантен и како многу победнички дух носи, повеќе никогаш не можете да се одвоите од тие бои.
Не сум роден како навивач на Милан, но кога ми се јавија, татко ми веднаш ми рече дека треба да одам таму“, продолжи Звоне Бобан да ги фали „росонерите“, додавајќи дека не бил изненаден што не е поканет, но и оти е разочаран поради тоа.
Годишнината ќе биде одбележана за време на неделниот натпревар против Џенова на „Сан Сиро“, кога фудбалерите на Милан ќе носат специјални дресови, а први на теренот ќе излезат легендите…
Бобан беше спортски директор на Милан, а по доаѓањето на новите сопственици доби отказ по што го тужеше клубот.
– Чувствував, чувствувам и секогаш ќе чувствувам голема љубов кон Милан, кој за жал не ме покани на прославата на 125. роденден. Не е важно. Тажен сум поради тоа, но ова го кажувам без никаква горчина. Прославувам и јас 125 години на клубот, горд што бев дел од неговата историја, заклучи Бобан.
Да потсетиме, Бобан дојде во Милан во 1991 година и играше цела деценија. Ја освои Лигата на шампиони (ЛШ) во 1994 година и Серија А, четири пати.