Сари пристигна во Торино: Денеска е промоцијата, па состанок со Роналдо

Јувентус пред неколку дена потврди дека нов тренер на екипата ќе биде Маурицио Сари.

Искусниот Италијанец синоќа слетана торинскиот аеродром и замина во хотел.

Сари денеска и официјално ќе биде претставен како нов тренер во просториите на Јувентус на прес-конференција која е закажана за 11:00 часот.

Новиот тренер на Јувентус набрзо по средбата со медиумите ќе има состанок со Кристијано Роналдо.

Дел од италијанските медиуми тврдеа дека некогашниот тренер на Наполи викендов ќе отпатува во Грција со цел да се состане со најголемата ѕвезда на својата нова екипа Кристијано Роналдо.

Меѓутоа, нешто подоцна се појавија информации дека Роналдо го скратил својот одмор во Грција, па со своето семејство се вратил во Торино каде набрзо ќе се сретне со Сари. Исто така, Роналдо би требало да му „помага“ на Јувентус кога станува збор за летниот преоден рок.