Сари по мечот: Со Пјаниќ не ни прозборував деновиве

Маурицио Сари синоќа по победата над Џенова, доби новинарско прашање околу новиот играч на Барса, Миралем Пјаниќ.

На новинарите ги интересираше во каков тон се разделија со босанскиот интернационалец и Сари им одговори:

Со Пјаниќ овие денови не ни проговорив ниту еден збор. Последен пат со него зборував по карантинот пред 20 25 денови, но бев резервиран. Сигурен сум дека ќе игра добро овој период“, порача Сари.

Пјаниќ се пресели во Барселона во трансфер вреден 60 милиони евра, а во четиригодишниот договор кој Миралем го потпиша со каталонскиот клуб, има откупна клаузула од 400 милиони евра.