Сари отворено: Ја „олади“ Барса, го искритикува Баерн и побара две засилувања

Челзи е автор на најголемиот трансфер оваа зима откако го плати Кристијан Пулишиќ 64.000.000 евра, но не доведе ниту едно засилување за продолжение од сезоната, Пулишиќ останува во Борусија до крајот на сезоната, а на Челзи некои засилувања му се потребни веднаш.

Тоа денес го потврди и Маурицио Сари, кој се повеќе го губи трпението со преодниот рок бидејќи очигледно дека се прашува многу малку за тоа. Ако беше по негово, Игуаин веќе ќе беше во Челзи, а Мората во некој друг клуб.

„Како што сите знаете, јас не одлучувам за трансферите. Зборувам со клубот и им го давам своето мислење. По тоа мое мислење потребни ни се две засилувања. Зависи од клубот дали ќе ги доведе. Јас не го следам преодниот рок од ден во ден или од минута во минута. Тоа го прави клубот“, изјави Сари и покажа дека е се повеќе незадоволен од влијанието кое го има врз трансфер политиката на клубот.

Освен што не добива засилувања, Сари дури би можел да остане без еден од клучните играчи – Вилијан. Барселона веќе подготви втора понуда за Бразилецот кој и е стара желба.

„Не сум добива никаква порака вчера. Прашајте го клубот за тоа… Ако мене ме прашувате за преодниот рок ме доведувате во незавидна ситуација бидејќи не знам да одговорам на некои работи“.

Дали Вилијан е играч кој Сари не сака да го загуби?

„Секако. Сите знаат дека ни е многу важен. Мислам дека може подобро од ова бидејќи има таков потенцијал, но секако е важен игарч и ми се чини дека е невозможно да го загубиме во јануари“.

Неговата желба да го доведе Игуаин се коси со клупските правила дека Челзи не носи играчи постари од 30 години. Желба на Сари е Игуаин, а клупската е Калум Вилсон од Борнмут како замена за Мората.

„Секако дека ни е потребна замена ако Мората оди во друг клуб. Но, тој моментално е со нас и би требало да размислува само за фудбал бидејќи моментално на фудбалскиот пазар се вртат 300 вмешани во трансферите. Затоа треба само да размислуваме за следниот натпревар“.

На крајот го „поткачи“ и Баерн кој испрати понуда од 40.000.000 евра за талентираниот Калум Хадсон Одои кој има уште 18 месеци од својот договор, но не сака да го продолжи.

„Мислам дека не е професионално од нивна страна да зборуваат за играч кој има договор. Не знам како да го објаснам тоа… Не покажаа почит кон нашиот клуб. Јас сум со тоа момче многу, многу задоволен бидејќи покажува константен напредок“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Последно инфо – што рече Лукаку за трансфер сагата со Интер

ВИДЕО: Само што почна финалето од Купот на нации во Африка – и гол!

Сите мислеа дека моментот со Роналдо бил клучен – но Де Лихт ја откри причината за трансферот во Јуве

Блесна на Копа Америка, а сега на интересен начин откри каде ќе ја продолжи кариерата

Веќе нема дилеми: По ова е јасно дека Икарди е блиску до Јувентус

Барселона го врати Валдес

И повеќе од заслужено: Мадрид му изрече казна од 250.000 евра на Рамос!

Управата на Барселона даде зелено светло: Ракитиќ и Кутињо на продажба

Мегваер е прескап, Јунајтед се насочува кон новопечениот играч на Јувентус?!