Сари на презентација образложи како ќе го води клубот во следниот период

Сари од денеска е нов тренер на „Старата дама“, а на официјалната презентација, тој ги изложи своите видувања и убедувања кон тоа како ќе го движи фудбалот на овој клуб и кон кој правец ќе го води тим от.

Сигурно дека едно од најинтригантните теми за навивачите е дали ќе успее и под негово водство, да ги одржи во одлична форма Роналдо и Дибала, и за останатиот дел од тимот.

Кристијано и Дибала мора да играат заедно. Кога имате такви играчи како Коста, Дибала Роналдо, знаеш дека имаш огромен потенцијал во тимот па треба да им дадеш слобода во играта. Бернардески исто така може да биде топ играчи, но мора да фати континуитет и да има јасна дефиниција на која позиција игра. Пјаниќ обожава да игра со топка, но мора да му обезбедите соиграчите негови да бидат расположени и да му биде олеснето нему она што најмногу му одговара на теренот“.

„Мојот стил на игра се знае, победувањето е најважно. Не е важно дали ќе форсирам 4-3-3, 4-2-3-1 или 4-1-3-2, најважното е од секој играч да извлечеш 110% за екипата целосно да го даде својот максимум“, порача на денешната презентација Маурицио Сари.