Сараево не го дава Михаел Шумахер!

Легендарниот германски возач во Формула1, седумкратниот шампион Михаел Шумахер, е еден од најголемите спортисти во светот и еден од најпочитуваните.

Михаел Шумахер посебно место има во Сараево, каде во минатото тој лично помагаше за време на воениот конфликт по распадот на Југославија и индиректно финансиски помагаше и развиваше болници и цели семејства.

Токму поради тие благодети, Михаел Шумахер наскоро се очекува да добие улица во Сараево, или булевар, а исто така во негова чест направија и еден фантастичен мурал.

Токму на неговиот 53. роденден, муралот беше откриен и тој изгледа фантастично, а бил изработен од четворица фанатици од минатото на овој Ф1 великан.