Сара го потврди разводот со Икер: Останува вечно да се почитуваме и да бидеме пријатели

Икер Касилјас и Сара Карбонеро повеќе не се заедно.

Она што го објавија шпанските медиуми пред неколку дена се покажа како вистина, а Сара синоќа потврди дека раскинале.

“Икер и јас сме горди на она што го имавме и на љубовта што ја споделувавме сите овие години. Нашата љубов сега оди на различни патишта, но не далеку затоа што ќе продолжиме заедно со прекрасната задача да бидеме посветени родители како и секогаш. Ова е тешка одлука, но ја донесевме заедно “, се вели во соопштението и продолжува:

“Почитувањето и пријателството меѓу нас секогаш ќе останат. Наш приоритет е да ги заштитиме децата за да растат во стабилна и здрава околина”, рекоа Икер и Сара.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Carbonero (@saracarbonero)

Љубовта на Икер и Сара траеше 11 години. Тие се во брак шест години и имаат две деца.