Сандгрен се сомнева во одлуката на Надал: Доколку ривал не му беше Кирјос…

Aмериканскиот тенисер Тенис Сандгрен, се обиде да го искоментира откажувањето на Рафаел Надал од полуфиналето на Вимблдон.

Познато е дека тој се мачеше и на мечот против Тејлор Фриц, кој на крајот го доби на мускули, па откако беше информирана јавноста дека имал скинат мускул на стомакот, Надал мораше да ја извести јавноста дека го откажува полуфиналето.

Но Сандгрен сериозно се сомнева дека Рафаел Надал намерно го скокнал мечот против Ник Кирјос.

Се прашувам дали Рафа ќе излезеше на терен да беше некој друг ривал, мислам дека ќе излезеше да не беше Кирјос. Едноставно гласно размислувам, не тврдам ништо, разочаран сум што нема да го гледаме тој натпревар“, порача Сандгрен.

Инаку Кирјос оди директно во финале, каде ќе се сретне против Новак Ѓоковиќ.