Санчо се сели во Јунајтед, се знае и бројот што ќе го носи!?

Секојдневно излегуваат различни информации во врска со иднината на Џејдон Санчо кој е еден од најдобрите млади фудбалери во светот.

Неодамна се пишуваше дека Јунајтед се откажал од него иако два месеца преговарале, а сето тоа поради корона вирусот која остави финансиски последици врз речиси сите клубови. Сепак, сега медиумите во Англија тврдат дека англискиот репрезентативец ќе дојде на Олд Трафорд по завршувањето на оваа сезона, а како доказ објавуваат и некои инсајдерски работи.

На пример, тоа дека Санчо го избрал бројот 7 во Јунајтед. Тоа е свет број во овој клуб, го носеле многу познати имиња, но од заминувањето на Кристијано Роналдо, важи за проклет, односно проколнат.