Санчез за трансферот во Интер: Овде пронајдов нешто сосема ново

Чилеанецот на Олд Трафорд пристигна со голема помпезност напуштајки го Арсенал, но немаше баш убав период таму.

Тој е веќе фудбалер на Интер, а сега прокоментира за прв пат по отворено за случувањата околу него изминатиот период.

Навистина сум среќен што останувам во Интер. Овде пронајдов вистинско семејство, овде персоналот е одличен кон мене. Овде има група на луѓе кои искрено сакаат да победуваат. Луѓето овде се борат заедно и заедно сакаат да победуваат“.

„Жеден сум за успех, останувам овде да победувам. Мојата цел е да ги направам фановите на Интер среќни. Ќе повторам, среќен сум што останувам во Интер“, порача Алексис Санчез.

Договорот на Санчез за Интер беше премногу гломазен, околу 500 000 евра неделно, па желбата на Санчез направи Интер да побара самиот играч да ги намали барањата за да се дојде до конечен договор, а на крајот за мир во куќа, и самиот Санчез попушти во своите барања, па сега има скоро двојно помала плата во Интер.