Францускиот дефанзивец Самуел Умтити даде неколку остри изјави за времето поминато во Барселона, клубот во кој сè уште припаѓа.
Минатото лето Умтити ненадејно ја напушти Шпанија и како позајмен играч премина во редовите на италијански Лече. Иако поради неговиот квалитет имаше можност да оди во подобри клубови, 28-годишниот дефанзивец реши да замине во Италија поради многу интересна причина.
Како што истакна угледниот новинар Џанлука Ди Марцио, Умтити има сериозни планови за иднината, а во Италија дојде поради работата што планира да ја заврши. Свесен е дека неговата кариера нема да трае уште многу. Во претходните години често го мачеа повредите и јасно е дека нема да може многу да пружи во иднина.
Неговиот план е да работи како тренер на крајот од кариерата. Тој сака да научи за италијанскиот фудбал и тактиката со одење во Лече и затоа го избра овој клуб за нова средина.
„Единствено што сакав беше да се чувствувам ценет, корисен, почитуван. Поминав четири години во Каталонија во затвор, не само на спортско ниво, туку и во секојдневниот живот“, отворено призна Умтити, свесен за фактот дека се уште е под договор со Барселона.