Само што се израдувавме на фудбал по Ковид19 – медиумските куќи најавија „рампа?!“

Според последните најави, кабелските оператори од следната недела ќе имаат своевиден прекин на емитувањето на сите канали од домашен етен, но и дел од странските, поради протест кон Владата во државата поради одредени измени кои биле направени на почеток од оваа година.

Таквиот став на здружението на ИКТ, е предизвикано од последните измени во законот за аудио и визуелни медиумски услуги, кои биле донесени во средината на месец февруари годинава.

Ова е само еден вид на притисок врз надлежните институции, кои преку оваа најава, добија ултиматум дека треба да одреагираат на закажаниот протест од 21-ви месецов.

Со оглед на тоа дека спортското поднебје ќе биде сведено на минимум, се очекуваат жестоки реакции од домашната публика.