Баркли: Секој кој ќе ми рече дека Леброн е подобар од Џордан, ќе добие шамар од мене!

683

Вечна дебата во НБА е околу тоа дали Леброн Џејмс е подобар од Мајкл Џордан, и тоа не престанува, а мислењата се поделени.

По поразот на Кливленд со убедливи 4:0 од Голден Стејт Вориорс во НБА финалето, таа тема се актуелизираше и многумина веќе го отпишаа Леброн, сметајки дека тој е далеку од формата на Џордан.

Еден од оние кои коментираше за паралелата помеѓу Леброн и Џордан е легендарниот Чарлс Баркли.

Ќе го шамарам тој човек во лице, кој што ќе ми каже дека Леброн е подобар во историјата на НБА од Мајкл Џордан. Без прашање, тој кој ќе го тврди тоа ќе добие шамар од мене, па дури и по ризик да одам на суд“, истакна Баркли.

Тој смета дека Леброн е квалитетен кошаркар, но дека е далеку од она што некогаш славниот Мајки го имаше додека настапуваше за Чикаго Булс.