Сало: Хамилтон е полн сра**

Мика Сало, кој во минатото возеше во Ф1, а сега е дел од ФИА, или дел од органите кои ги „скенираат“ грешките на возачите, истакна дека Хамилтон воопшто не е во право што критикува дека некој имал нешто против него, и дека е полн сра**.

Сало беше дел од судиската постава за ГН на Русија на патеката Сочи, и се најде повикан по прозивките од Хамилтон, кој доби казна, која го оневозможи на крајот да победи.

Хамилтон е полн срање. Тоа воопшто не е вистина за она што зборува Хамилтон. За сите важат истите правила, прилично е јасно. Хамилтон вежбаше старт покрај патеката. Последниот старт го вежбаше на белата линија, тоа не е дозволено“, истакна Мика Сало.

Хамилтон го освои 3. место во Сочи, но и покрај тоа, тој има комотна бодовна предност и не му е загрозена со тоа што не победи на трката во Русија.