Салах со јасно уверување до навивачите на Ливерпул: Тоа е сигурно, да си знаете!

Мохамед Салах скоро сигурно продолжува во Ливерпул и следната сезона, така барем тој најави за навивачите да бидат спокојни.

Египќанецот има договор со Ливерпул кој истекува во јули 2023 година и очигледно има намера да го одработи до крајот, без оглед на исходот од преговорите за евентуална продолжена соработка.

Не сакам сега да разговарам со тоа, не размислувам за својот договор во моментов, не сакам да бидам себичен. Но навивачите сакам да знаат дека ќе бидам овде иследната сезона“, порача Мо Салах.

За разлика од Салах, Садио Мане беше нешто поконкретен па најави дека одлука за неговата кариера ќе најави наскоро, веднаш по завршување на ЛШ финалето.

Ливерпул во сабота игра од 21 часот во ЛШ финалето против Реал Мадрид за седми трофеј.