Салах без двоумење даде одговор на најважното прашање за навивачите на Ливерпул

Најдобриот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах, потврди дека за две недели ќе игра во финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, иако по повредата на препоните постоеше страв дека во најлош случај за него сезоната ќе биде завршена.

Салах кон крајот на првото полувреме се сруши на земја и поради проблеми со препоните не можеше да го продолжи мечот, отстапувајќи му го местото на Диого Жота.

Неизвесноста траеше се до крајот на мечот кој Ливерпул го доби на пенали, а Салах како „од топ“ им одговори на новинарите на клучното прашање.

„Дали ќе играм во финалето од Лигата на шампионите? Секако“, изјави Салах кој пред четири години во дуелот против Реал Мадрид исто така беше замене во првото полувреме по грубиот старт на Серхио Рамос.

Дуелот на стадионот во „Сен Дени“ планиран е за 28 мај, а Ливерпул ќе има нималку лесна прилика да го врати трофејот кој го освои пред три години.