Сала не заигра во Лигата на шампионите, ама елитните клубови ќе го испочитуваат

Лигата на шампионите продолжува денеска со натпреварите од осминафиналето, а УЕФА одлучи дуелите да почнат со едноминутно молчење во чест на загинатиот фудбалер на Нант, Емилијано Сала.

Аргентинскиот фудбалер загина во авионска несреќа на 21 јануари додека леташе од Нант во Кардиф. Еден ден претходно го комплетираше својот трансфер во премиерлигашот, но не дочека да заигра за овој клуб.

„Во име на сите од УЕФА, сакам да изразам сочувство до семејството на Емилијано Сала. Тоа е загуба за сите нас, тажен сум што еден живот е загубен на таков начин. Ние не смееме да го заборавиме“, изјави претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

Покрај едноминутното молчење, сите фудбалери ќе носат црни ленти околу рацете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Го нема Нејмар – нема проблем: Ете зошто Мбапе го нарекуваа „вонземјанин“

Дали со ова Мурињо најави кој клуб ќе го презеде: Ништо не сокри од новинарот

(ВИДЕО) Икарди во живо ја проследи пораката од фановите на Интер: Предавнику, оди си!

Денес нова трагедија го потресе регионот: На натпревар почина 19-годишен фудбалер

Реал беше понижен од Џирона, а се најде „маж“ од нивните редови кој призна: Јас сум виновен за се!

Мурињо даде одговор дали и колку го гледа Јунајтед по отказот во декември

Фелипе од Вардар со жестока порака до ФФМ: Срамота, МАФИЈА!

ВИДЕО: Интер знае да победува и без Икарди

Самиот на себе си е конкуренција: Рамос е апсолутен рекордер според црвени картони!