Саинц за трансферот во Ферари: Преговорите беа крајни чудни

Новиот возач на Ферари од 2021 година, Карлос Саинц, истакна дека поради новонастанатата ситуација со КОВИД19, морал да се навикне на чудни преговори со Ферари.

Тој доаѓа на местото на Фетел, кој веќе најави дека заминува од тимот од Маранело по завршување на сезоната која допрва треба да почне.

Ова беа посебни неколку недели додека преговаравме. Тоа беа преговори каде една страна не ја гледаше онаа другата, што беше поприлично чудно. Јас бев дома со мојот татко и во постојан контакт со агентот, на крајот успеавме се да одработиме како што треба“.

„Мора да им се заблагодарам и на Мекларен за се што сторија за мене, со нетрпение чекам да ги видам по корона паузата. Мислев дека по објавата за трансферот, многу луѓе ќе бидат разочарани, но многу од колегите и луѓето во Мекларен ми честитаа и ми дадоа поддршка. Знам дека во Шпанија со нетрпение го чекаат моментот кога ќе го возам црвениот болид“, рече Саинц.