Саинц ја прекина неверојатната серија на Верстапен и Ред Бул

Возачот на Ферари, Карлос Саинц Јуниор, триумфираше на Големата награда на Сингапур, 15-та трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.

На овој начин, Шпанецот ја прекина серијата на Макс Верстапен од 10 последователни победи, како и 15-те победи во низа на Ред Бул.

Саинц славеше пред Ландо Норис во Мекларен и седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон. Леклерк беше четврти, додека Верстапен, Гасли, Пиастре, Перез, Лосон и Магнусен завршија десетти.

Последната победа за Ферари беше во Австрија минатата година, кога славеше Шарл Леклер.

Ова е втора победа во кариерата за Саинс, прва по онаа која ја постигна лани на Големата награда на Велика Британија.

Ова беше прва тимска победа за Ферари, кои за разлика од целата сезона, сега делуваа тимски и направија перфектна трка.