Саха знае кој ќе биде шампион во ПЛ – ја знае и четворката за ЛШ

Арсенал има солидна предност на табелата пред второпласираниот Манчестер Сити и на третата позиција Јунајтед.

Некогашниот француски фудбалер Луис Саха, верува дека Арсенал сезонава е предодреден да ја освои титулата, по цели 19 години. Тоа последен пат го сторија во 2004 година под водство на Арсен Венгер.

Саха образложи зошто смета дека „топчиите“ се најзрелата екипа за титулата сезонава.

Изгледаат навистина добро, во одлична позиција се, имаат натпревар повеќе во ракавот. Не верувам дека ќе испуштат многу бодови до крај на сезоната. Но несомнено дека имаат доста важни натпревари до крајот. Против Јунајтед покажаа дека се скоцентрирани, доста професионални и можат да останат на врвот до крајот. Би било убаво за Премиерлигата да се види Арсенал на врвот, да ги вознемири останатите, Сити, Ливерпул, Јунајтед, кои беа на врвот сите овие години“, порача Саха.

Французинот исто така верува дека неговиот поранешен клуб Јунајтед, ќе заврши во топ4 зоната.

Јунајтед ги гледам како второпласирани или на 3. позиција, играат добро во моментов. Верувам дека ќе завршат во зона на ЛШ, не се сомневам во тоа. Тука е и Њукасл кој сезонава заслужува почит. Мислам дека на лето и тие добро ќе се засилат и наскоро ќе конкурираат за Премиерлигата“, порача Саха.