Сагата никако да заврши: Средбата меѓу ПСЖ и Барса за Нејмар заврши без договор

Првиот официјален состанок меѓу претставници на ПСЖ и Барселона одржан вечерва во Париз заврши без да биде постигнат некаков договор или заклучок меѓу двата клуба.

Како што тврди весникот АС, средбата траела околу четири часа, двете страни ги предводеле Леонардо и Ерик Абидал, но тие ќе мора да се видат или слушнат повторно следните денови за да дефинираат нешто. Наводно, Барса понудила 140 килиони евра и фудбалер, но Нејмар бара двајца фудбалери и 100 милиони евра или 250 милиони евра во готово.

Од играчите ПСЖ ги преферира Семедо, Ракитиќ и Дембеле, односно еден или двајца од нив, но Барса не ги нуди нив. Најмногу што можат да добијат „светците“ е Филипе Кутињо.