Сабине Кем со каков-таков коментар за шпекулациите за Шуми и париската болница

Најтрофејниот шампион од Формула 1, еминентната спортска фигура Михаел Шумахер, бил префрлен на тајно лекување во приватна клиника во Франција.

Никој ништо незнае повеќе околу ова, деталите околу оваа информација се крајно оскудни а медиумите шпекулираат.

Први кои ја открија веста дека големиот шампион е префрлен во болницата Georges-Pompidou во Париз, беше дневниот весник Билд.

Но за работите да бидат барем малку појасни или уште по конфузни, на кратко се огласи и менаџерот на Германецот, долгогодишната соработничка, Сабине Кем.

Михаел е доста приватна личност. Медиумите не треба да се занимаваат со животот на Корина и Михаел. Еднаш додека разговарав со него, на кратко ми рече: Не мораш да ме бараш следната година, јас ќе исчезнам. Мислам дека сонот му беше да исчезне. Затоа ја почитувам неговата желба и не оддавам информации за неговата ситуација надвор од болницата“, порача Сабине Кем.