Руски спортист му испрати порака на украинскиот колега од која се леди крвта во вените

Мислењата на руските спортисти се поделени кога станува збор за инвазијата на нивната армија во Украина.

Некои од самиот почеток јасно го осудија воениот напад врз Украина, меѓу кои и тенисерите Даниил Медведев и Андреј Рубљев, фудбалерот Федор Смолов и многу други во различни спортови, но има и такви кои едноставно уживаат во она што Русите го прават последните денови.

Даниил Кулешов е руски возач на боб ој сега испрати, најблаго речено, бизарна и срамна порака на Инстаграм до украинскиот спортист на скелет Владислав Хераскевич.

„Ѓубре, дали си уште жив? Се надевам дека проектилот ќе ја погоди твојата куќа наскоро“.

Ваквата порака е во најмала рака морбидна, а Украинецот ја сподели со светот преку Инстаграм.