Руски ММА борец уби лекар поради вакцина против коронавирус

Руски ММА борец е уапсен затоа што прободел и убил лекар во Гуам по жестока дебата за вакцинацијата против коронавирус.

Неколку медиуми во САД ја објавија веста дека минатата недела е уапсен Акмал Хожиев, попознат како АК 47.

27-годишникот се соочува со обвиненија за тешко убиство од прв степен со смртоносен нож и за тежок напад со смртоносно оружје.

Некои извештаи велат дека кауцијата за неговото привремено ослободување е одредена од милиони долари.