Руски гимнастичар со провокација – за иронијата да е поголема, стоеше до украински натпреварувач

Рускиот гимнастичар Иван Кулјак, го освои третото место на СП во Доха, но влета во центарот на случувањата на светските медиуми поради еден негов гест.

Имено, 20 годишниот гимнастичар, на градите ја имаше буквата „З“, што симболизира поддршка за руската агресија на територијата на Украина.

Таа буква беше доста контроверзна деновиве откако Русија влезе на украинска територија, а со тоа што гимнастичарот ја има оваа буква на својата облека, може да се смета како провокација.

Буквата З ја имаше испишано на сите руски тенкови кои влегоа во Украина, а за ситуацијата да биде уште поиронична, рускиот гимнастичар, на подиумот стоеше до украинскиот гимнастичар.