Русите пронајдоа генијално решение за знамето на Олимписките игри во Токио

Руските спортисти се лишени од настап на Олимписките игри под своето знаме, што е одлука на Светската антидопинг агенција ВАДА.

Русија нема да настапи на Олимписките игри бидејќи е суспендирана поради наводен колективен допинг, а оние натпреварувачи што не се позитивни на допинг, а веќе избориле пласман на ОИ, ќе можат да настапат, но не под знамето на Русија. Затоа, веќе пронајдоа решение.

„Секогаш можат да се пронајдат решенија. Ние сме подготвени во оваа област професионално да помогнеме официјално да се направи руско олимписко знаме. Зошто да не можеме да имаме олимписко знаме кое би можело да се носи заедно со државното или само, но кое би ја означувало нашата држава, а не интернационалното знаме со пет пртени“, изјави Георгиј Вилибахов, шефот на Хералдичкиот совет на претседателот на Русија.

Покрај тоа, тој нагласи дека на знамето може да биде нацртан црн двоглав орел на бела површина кој претходно се наоѓал на спортската облека на Олимпијците на Руската Империја.