Русите организираат Игри на кои ќе настапат две држави

Откако руските и белоруските спортисти беа исфрлени од Зимските параолимписки игри во Пекинг, Русија во Сочи ќе организира натпреварувања за руските и белоруските параолимпијци, објави руски ТАСС. Натпреварувањето ќе се нарекува „We are together“, а ќе се одржи во периодот од 18 до 21 март во градот Ханти-Мансиск.

„Организацијата на руските параолимписки игри е добар одговор на нашата земја за санкциите кои им се наметнати на нашите параолимпијци. Ова е за нашите параолимпијци повеќе од спорт. И затоа наша заедничка должност е да го организираме ова натпреварување за спортистите од Русија и Белорусија“, изјави Борис Паикин, член на долниот дом на рускиот парламент.

За потсетување, неколку дена пред почетокот на ЗПОИ во Пекинг, Меѓународниот параолимписки комитет (МПК) одлучи да ги исфрли руските и белоруските спортисти со инвалидитет откако Русија започна инвазија во Украина.

МПК првично донесе одлука дека Русија и Белорусија можат да учествуваат на зимските ПОИ во Пекинг, но под неутрален назив и под параолимпиското знаме, но само 24 часа подоцна одлуката беше променета.