Русинка најде начин како да настапи на Вимблдон, организаторите не и можат ништо

РУСКАТА тенисерка Натела Џаламидзе го промени државјанството за да може да се натпреварува на Вимблдон. Да потсетиме, руските и белоруските тенисери и официјално добија забрана за настап на најпознатиот тениски Грен слем турнир. Причината за забраната е руската инвазија на Украина.

Џаламидзе, родена во Москва, го промени државјанството и повеќе нема да настапува под руско, туку под грузиско. Раководството на Вимблдон призна дека нема што да прави, односно Џаламидзе ќе има право на учество на турнирот кој започнува на 27 јуни и трае до 10 јули. На Ролан Гарос се натпреваруваше под неутрално знаме.

„Во услови во кои Русија врши неоправдана агресија врз Украина, за нас е неприфатливо рускиот режим да има привилегии, вклучително и учество на руски и белоруски тенисери на овој турнир. Тениски клуб.