Руни со неочекувани критики: Тактиката на Фергусон беше самоубиствена

Вејн Руни напиша колумна за „Тајмс“ во која меѓу останатото го критикуваше славниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, што изненади многумина. Покрај тоа, се насочи и на голем број теми, а го коментираше продолжувањето на Лигата на шампионите во престојните денови.

Легендарниот англиски напаѓач Вејн Руни најдобрите години во кариерата ги мина под водство на Фергусон, токму затоа овие критики зачудуваат.

Напаѓачот девет години играше за „Ѓаволите“, освои голем број трофеи, но за него Фергусон не е најдобриот менаџер со кого соработувал на „Олд Трафорд“, што веќе го има истакнато, туку тоа е Луј ван Гал.

Сега му најде и замерка поради тактиката за мечевите против Барселона во двете финалиња во ЛШ, во 2009 и 2011 година. Очигледно Руни многу го болат тие порази во двете финалиња.

Во двата случаеви Јунајтед претрпе порази од мајстори какви што се Лионел Меси, Чави, Иниеста и останатите играчи. Руни го коментираше мечот меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид во ЛШ, па на сето тоа ја надоврза приказната за Јунајтед и Барса.

„Секогаш е тешко за клуб како што е Реал да влезе во натпревар и да каже ‘ќе им ја дадеме топката’. Истото важи и за Јунајтед. Но, загубивме две финалиња во ЛШ поради тоа што сакавме да се надигруваме со Барселона на Гвардиола, да ги притиснеме високо, а тоа беше самоубиство. Се сеќавам дека Сер Алекс Фергусон ни зборуваше дека ние сме Манчестер и дека мораме да нападнеме, дека тоа е во културата на нашиот клуб, а јас во тој момент помислив: ‘Не сум баш сигурен’“, почнува Руни да се присетува на подготовката за дуелот против Барса.

Потоа додаде…

„Мислам дека сите играчи знаеја, длабоко во себе, дека тоа е погрешен пристап. Дека го напуштаме патот кој ни донесе успех во 2008 година во полуфиналето со цврста игра. Па во два наврати бевме надиграни поради тоа“, подвлече Руни.

Руни ја става целата тежина на резултатот, а не на убавината на играта, ниту пристапот, ниту филозофијата…

„Вистина е тоа што е кажано за нашиот клуб, но подоцна седевме и зборувавме како загубивме. Мене не ми е важно како играш во тие големи натпревари во ЛШ. Се додека победуваш. Погледнете Ливерпул како ја освои титулата, а истиот став го има и Зинедин Зидан“, изјави Руни.