Руд: Тоа што го сторив против Зверев, ќе сакам да го повторам против Новак во финалето

Каспер Руд се најде во големото финале на Ролан Гарос, откако вчера го победи Александар Зверев и си закажа меч за титула.

Норвежанецот ќе се соочи против големиот ривал и фаворит на овој турнир, Новак Ѓоковиќ, кој вчера беше подобар од Карлос Алкараз.

Самиот Каспер Руне, тврди дека во финалето мора да биде на својот максимум, доколку сака да се надева на нешто повеќе против Новак Ѓоковиќ.

Ќе биде исклучително тешко, ова за Ѓоковиќ е ново финале во кое ќе се бори за 23. трофеј. Од друга страна, јас го играм своето прво и ќе биде најважно да играм без притисок, да уживам во атмосферата и да се обидам да бидам најдобар. На мечот против Зверев не размислував премногу и тоа ми успеа, го победив. Останав во своја зона и би сакал тоа да го повторам против Ѓоковиќ во финалето“, порача Руд.