Руд Гулит се потсмева со Тен Хаг, а откри и еден не баш добар потег на холандскиот стратег

Тренерот на Манчестер Јунајтед е честопати мета на критики и потсмевање, а сега сеир му фати и легендарниот некогашен фудбалер Руд Гулит.

Со оглед на тоа дека Твенте синоќа извлече голем бод од Олд Трафорд во 1. коло во Лига Европа, Руд Гулит знаеше како да се пошегува на сметка на холандскиот стратег.

Зборот „процес“ стана неизбежен во Јунајтед последните неколку години, а Тен Хаг го користи се почесто, а почнаа и другите да го користат во потсмевањето со холандскиот стратег.

– Еве го, Тен Хаг заминува, но добро, тоа е процес, порача Руд Гулит за една од холандските телевизии.

Руд Гулит исто така му најде една замерка на Тен Хаг околу неговите играчи.

– Го видов во еден момент Ерик како зборува со Гарначо, а единствената работа во такви моменти која играчите ја размислуваат е во контекст … „Ајде остави ме на мир човеку“, мислејки дека Гарначо го има тоа во својата глава во моментот.

Јунајтед повторно потфрли иако беа јасни фаворити против Твенте, но одиграа само 1:1.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО